Стотици лица денеска беа евакуирани од своите поплавени домови од надојдената река Ашбуртон, по обилните дождови во регионот на Кантербери на Нов Зеланд.
Американските медиуми пренесуват дека локалните власти прогласија вонредна состојба затоа што викендов во некои области паднаа повеќе од 40 сантиметри дожд, а армијата со хеликоптери помогна во евакуација на повеќе од 50 лица.
-Спасувачите прават фантастична работа вредна злато, изјави еден земјоделец, кого војската го извлекла од надојдената реката.