Поради обилните врнежи, на подрачјето на Општина Ресен дошло до излевање на Болнска и Источка река во селата Царев Двор и Дрмени, при што се поплавени над 50 куќи, магацински простори, визби и земјоделско земјиште, информираат од Центарот за управување со кризи.

Ангажирани се екипи на јавните претпријатија  ЈКП „Пролетер“ и „Македонија пат“, како и приватни машини  со вкупно  седум пумпи за испумпување вода и повеќе багери за расчистување и интервенции. Во населбата Црквиште се користат сите расположливи пумпи за санација на поплавените објекти. Поплави се евидентирани и кај село Долна Бела Црква од излевањето на Голема Река, чиј моментален водостој изнесува 210 сантиметри.

Од ЈП „Македонија пат“ информираа дека на повеќе делници има наноси од земја, кои се расчистуваат по приоритет.