Целта на САД е да се избегне војна со Иран, а распоредувањето дополнителни трупи во заливскиот регион е наменето за „одвраќање и одбрана“, изјави денеска американскиот државен секретар Мајк Помпео.
Во изјава за Фокс Њуз, тој изрази уверување дека американскиот претседател Доналд Трамп би презел акција ако таквите мерки за одвраќање не успеат и оти иранските власти „тоа многу добро го сфаќаат’.
Трамп во петокот одобри распоредување американски сили во Саудиска Арабија и Обединетите Арапски Емирати, после нападот на саудиската нафтена рафинерија за која го обвинува Иран.
Техеран негираше вмешаност во нападот, а одговорноста ја презедоа јеменските бунтовници Хути.