ПОРАДИ БЛОКАДА НА ПАРИ ОД ЕУ ФОНДОВИТЕ: Полскиот претседател со жестоки критики до Европската Комисија

/ 21.01.2024

Полскиот претседател Анджеј Дуда ја критикувал Европската комисија за блокирање на средствата од фондовите на ЕУ, бидејќи рече дека тоа е „обид да се принуди Полска да ја смени“ владата и додаде дека е отворен за преговори.

Последниот состав на полската влада, предводена од националистичката партија Право и правда (ПиС), беше вмешан во спор со Европската унија во врска со судските реформи и владеењето на правото, што резултираше со замрзнување на милијарди евра од фондовите на ЕУ за Полска.

Новата полска проевропска влада вети дека ќе го врати пристапот на земјата до парите со враќање на владеењето на правото, но се соочува со отпор од поддржувачите и сојузниците на поранешната владејачка партија, вклучително и претседателот Анджеј Дуда и некои високи судии.

„Не се сомневам во причината за блокирање на парите на Европската комисија од Националниот план за закрепнување, бидејќи тоа е чисто политичка акција насочена против претходната полска влада“, рече Дуда на прес-конференција во Вилнус.

„Тоа е обид да се принуди Полска да ја смени владата. Така разбрав, а актуелните настани само го потврдуваат тоа“, додаде тој. Никој од Европската комисија не бил достапен за коментар. Дуда рече и дека е отворен за преговори и предлози за бројни промени во полскиот правосуден систем, но посочи дека нема да дозволи проверка на судиите назначени за време на неговиот мандат.

Изборите одржани на 15 октомври ставија крај на осумгодишното владеење на PiS, а новата влада предводена од поранешниот претседател на Европскиот совет, Доналд Туск вети дека ќе го врати пристапот до фондовите на ЕУ.

Во декември, Европската комисија објави дека ќе префрли пет милијарди евра во Варшава од делот на Полска од 60-те милијарди евра што блокот ги одвои за закрепнување после Ковид-19.

Вчера полската министерка за фондови и регионални политики Катаржина Пелчинска-Налец изјави за приватната телевизија ТВН24 дека Полска ги исполнила условите за поднесување документи кои се клучни за добивање пристап до структурните фондови на ЕУ.


Од истата категорија