Руското Министерство за надворешни работи соопшти дека воведува санкции против 39 функционери, бизнисмени и новинари од Велика Британија и им забранува влез во Русија, бидејќи поддржуваат „демонизација“ и меѓународна изолација на Москва.
На списокот, меѓу другите, се и лидерот на опозициската Лабуристичка партија, Кир Стармер и поранешниот премиер Дејвид Камерон.
– Со оглед на деструктивната желба на Лондон да го задржи замаецот на санкциите под бесмислени и апсурдни изговори, работата на проширување на руската „стоп-листа“ ќе продолжи, се наведува во соопштението на Министерството за надворешни работи на Руската Федерација.