Големи поплави се забележани во Тоскана поради излевање на реката Цечина поради пукање на насипот во северниот дел на овој италијански регион по обилните дождови.
Нивото на водата се зголеми по обилните врнежи од дожд кои во текот на ноќта го зафатија целиот округ Ливорно, јавуваат медиумите. Во еден дел од Тоскана нивото на водата надмина 11 метри. Десет лица се евакуирани како мерка на претпазливост. Поради поплавите се создадени километарски редици, а сообраќаен метеж по градските улици.
Ситуацијата стана тензична во текот на ноќта меѓу четвртокот и петокот поради интензитетот на врнежите.
Хидролошката служба на Тоскана соопшти дека во општината Кампиља Маритима наврнале 175 милиметри дожд, а слично во Суверето, Вентурина, Сан Винченцо и Волтера.
Најтешка е состојбата во долината Корнија, каде според достапните информации, оштетени се 2.000 хектари обработлива површина. Водата потопи бројни земјоделски имоти, а уништени се и посевите како артишок, спанаќ и репа.