Белгија од 1 јануари ќе ја забрани продажбата на електронски цигари за еднократна употреба поради здравствени и еколошки причини, објави белгискиот министер за здравство Франк Ванденбрук. Според него, тоа е „пионерски потег на земја членка на Европската унија“.

Ванденбрук истакна дека евтините електронски цигари станаа закана за здравјето бидејќи компаниите што ги произведуваат лесно ги привлекуваат тинејџерите да ги купат и да развијат зависност од никотин.

„Електронските цигари за еднократна употреба се нов производ што едноставно е дизајниран да привлече нови потрошувачи. Електронските цигари содржат никотин, што предизвикува зависност, а никотинот е лош за вашето здравје. Тоа се фактите”, нагласи Ванденброек.