Итните служби денеска блокираа и затворија дел од една од најфреквентните улици во Лондон по известувањето за истекување хемикалија, поради што едно лице е хоспитализирано.

Полицијата соопшти дека засега не постои сомнеж оти овој инцидент е поврзан со тероризам.

Инцидентот се случил во простории на улицата Бромптон Роуд, каде што се наоѓаат голем број продавници и трговски центри.

– На едно лице му е укажана помош на самото место, а потоа е префрлено в болница, изјави портпарол на лондонската итна медицинска помош.

Подоцна полицијата ја отстрани блокадата, но на улицата се уште има полициско присуство.