Поради појава на магла, видливоста во околината на Дебар е намалена до 50 метри, информираат од Автомото сојузот на Македонија.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози, а интензитетот на сообраќај надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони.
Посебна внимателност се препорачува на патните делници Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.




