Британско – холандската компанија за нафта „Shell“ информираше дека била принудена да ја намали преработката во рафинеријата во германскиот регион Рајнленд поради нискиот водостој на Рајна, што го отежнал транспортот.
– Поради нискиот водостој на Рајна, го намаливме капацитетот на Shell Energy and Chemicals Park Рајнленд. Ситуацијата со снабдувањето е сложена, но, со неа се управува внимателно, соопшти компанијата.
Нема информација за колку е намален капацитетот на рафинеријата, што може да преработи до 17 милиони тони сурова нафта годишно или 345.000 барели дневно.