Откако пред екраните се појавила во ваков фустан, емисијата била прекината по што водителката добила отказ.
Една од најпопуларните водителки во Кувајт, 29-годишната Амал Ал Авади, водителка на многу познат квиз, се соочила со неверојатно обвинување.
Таа како и секогаш се појавила подготвена за својата работа, но овој пат била дочекана со критики бидејќи била облечена непиркладно за Рмазан.
Емисијата била прекината, но Амал не знаела во што погрешила.
-Секако дека бев свесна дека е Рамазан и внимателно бирав што ќе облечам. Не сакав да облечам нешто што се коси со традицијата а на крајот на краиштата секогаш внимавам како зборувам – истакнала водителката.
Како што истакнале критичарите, фустанот не бил доволно скромен за овој свет месец, па водителката добила отказ.