„Поради апостолската посета на Неговата Светост Папата Франциск на Република Македонија, претседателот Иванов нема да учествува на состанокот на лидерите од Брдо-Бриони процесот, што ќе се одржи во Тирана на 8 и 9 мај 2019 година.
По упатената покана од страна на претседателот на Република Албанија, Кабинетот на Претседателот на Република Македонија навреме ги извести домаќините дека претседателот Иванов нема да учествува на годинешниот состанок на Брдо-Бриони Процесот“, соопштија денеска од кабинетот на претседателот Иванов.