Јапонски регулатор денеска соопшти дека отворил истрага против Гугл поради сомневање за прекршување на законот за еднаква конкуренција на пазарот на услуги за пребарување на интернет. Јапонската комисија за фер трговија сака да утврди дали Google го прекршил законот со тоа што отстапил дел од приходите од оперативниот систем Андроид на производителите на мобилни телефони, под услов тие да не инсталираат конкурентни пребарувачи на уредите.
Практиката на Гугл дека Гугл Срч и Гугл Хром „мора“ да бидат во пакет со апликацијата Гугл Плеј на мобилните телефони со Андроид е исто така спорна, се вели во соопштението на Јапонската комисија за фер трговија. „Се сомнева дека (Гугл) ја исклучува деловната активност на конкурентите и ја ограничува деловната активност на деловните партнери на пазарот на услуги за пребарување со овие процедури“, рече претставникот на регулаторот на прес-конференцијата.
Широката употреба на услугата на Гугл не е доведена во прашање, но еднаквата конкуренција на пазарот е, додаде тој.
„Покренавме истрага со прашањето дали ситуацијата во која на корисниците им е тешко да ги препознаат услугите на другите даватели на пребарувачи, и покрај подобрувањата, е вештачки создадена“, објаснува тој.
Јапонската истрага следи по слични одлуки на регулаторите во Европската унија, САД и други земји.