Главниот град на САД денеска ја врати мерката задолжително носење маски во затворени простории, поради зголемувањето на бројот на случаи на делта варијанта на коронавирус.
Градоначалничката на Вашингтон, Муриел Баусер (Баузер) рече дека постари од две години мора да носат маска „без оглед на вакцинацијата“.
Оваа одлука доаѓа два дена откако Центрите за контрола и превенција на болести (ЦДЦ) препорачаа маски за целосно вакцинирани луѓе во јавни, затворени простории во делови од државата за кои се смета дека имаат „значајно“ или „високо“ ниво на пренос на коронавирус.
ЦДЦ, исто така, препорача сите наставници и ученици да носат маски оваа есен, без оглед на вакцинацијата.
Според ЦДЦ, 83 проценти од новите случаи на Ковид-19 во САД се варијанта на делта, а повеќе од 90 проценти од смртните случаи се меѓу невакцинирани граѓани.