Брокерската куќа City Research намали прогноза за производство на Ајфон на Епл за првиот квартал од 2019 година и речиси преполови свои очекувања поврзани со најскапиот во моемнтот, модел XS Max.
Со тоа се придружи на низата брокерски куќи во намалување на прогнозите по серијата извештаи за слабата побарувачка за моделите на Ајфон на Епл.
City очекува дека Епл ќе произведе 45 милиони Ајфони во тој квартал што е помалку од прехотдно предвидените 50 милиони.
Намалената проекција е воглавно, резултат од слабите шанси поврзани за моделот XS Max со почетна цена од 1.099 долари, и чие производство според проценките на City, ќе биде намалено за 48 отсто.