Американските власти забранија влез во Соединетите Американски Држави на партнерката на британскиот премиер Борис Џонсон, Кери Сајмондс.
Како што се наведува, причина за забраната е тоа што Сајмондс, која е пријателка со Нимко Али, активистка која се бори против генитално сакатење на жените, минатата година ја посетила самопрогласената африканска република Сомалиленд, која се наоѓа во Сомалија.
Сајмондс побарала дозвола за влез во САД за да учествува во активностите на непрофитната организација за заштита на океани, но била одбиена, пишува „Дејли меил“.
Британците кои во САД патуваат преку системот ЕСТА, електронски систем за одобрување престој во САД кој им овозможува без виза да поминат 90 дена, од март 2011 година мора да одговорат и на прашањето дали некогаш ја посетиле Сомалија и Сомалиленд.
САД не ја признава Сомалиленд како независна држава, туку ја смета како дел од Сомалија.
Нимко Али на Твитер напиша дека Сомалиленд е нејзина татковина и најдобро чувана тајна на Африка.
Сајмондс нема никаква улога во Владата на Борис Џонсон.
Засега, ниту Кери Сајмондс, ниту британската Влада не ја коментираа американската забрана.