Суд во Гватемала осуди поранешен војник на 5.160 години затвор поради масакр на 171 човек што се смета за едно од најголемите злосторства во 36-годишната граѓанска војна во таа држава.
Обвинителите наведоа дека Сантоз Лопез учествувал во масовното убиство во 1982 година на речиси сите мажи, жени и деца во селото Дос Ерес.
Лопез е обвинет дека бил дел од елитната специјална единица Каибилеса што била испратена во тоа село да пронајдат припадници на герилска група. Откако не ги пронашле, според обвинителите, ги убиле речиси сите кои таму живееле.
Масакрот е извршен во време на поранешниот гватемалски диктатор Ефраин Риос Монта кој почина во април обвинет за геноцид.