Француското Министерство за правда води истрага за исплатените 900.000 евра во 2010 година од холандската подружница на Рено-Нисан за поранешната европратеничка, Рашида Дати, за наводни советодавни услуги на Карлос Госн. Судиите се сомневаат дека тоа не биле вистински, туку фиктивни трансфери, што може да значат попстапки за влијание или пасивна корупција, јави дописникот На МИА.
Аферата ја откри париски „Ле Монд“, според кој тројца судии, задолжени за истражување на финансиските средства донирани многу дарежливо од подружница на Рено-Нисан, не се далеку од верувањето дека и Рашида Дати си го „наполнила ќесето“. Судиите ги формализираа своите сомнежи со налог во октомври 2019 година до кој копј пристап обезбеди токму „Ле Монд“. Имало претреси, особено во седиштето на Рено, каде што истражните органи откриле мистериозна папка со иницијали „Р. Д.“ Тие извршиле и претрес во станот на поранешната европратеничка, поранешна министерка за правда на Никола Саркози и поранешна кандидатка за градоначалничка на Париз, на 22 октомври 2019.
Од летото 2019 година се води судска истрага за „корупција, влијание и злоупотреба на општествени средства“, насочена кон РНБВ, холандска подружница на Алијансата Рено-Нисан, во корист на Дати и криминологот Ален Бауер, како дел од истрагата отворена на маргините на аферата Карлос Госн. На Бауер му беше наложено да ја преиспита безбедноста во рамките на групата, за што на неговата компанија АБ Консеил и беа исплатени милион евра во периодот од 2012 до 2016 година.
Поранешната министерка за правда, од своја страна, во својство на адвокат, меѓу 2010 и 2012 година добила сума од 900.000 евра без данок, или 25.000 евра месечно. Период во кој таа веќе добивала речиси 15.500 евра месечно – не сметајќи ги трошоците за репрезентација – за време на нејзините мандати како избран европратеник, советник во Париз и градоначалник на 7-миот арондисман.
Според сомневањата на судиите „Рашида Дати добила 900.000 евра за три години „под услови на недостаток на транспарентност. Затоа се поставува прашањето за реалноста на овие услуги“. Дотолку повеќе што во својство на европратеник, таа „веројатно ќе интервенираше за примена на законодавните текстови во врска со состојбата на компаниите„ Рено “ и „Нисан“ во Европа, а особено во Франција, кога таа беше член и на Комисијата за индустрија, научни истражувања и енергија “.
Прифаќајќи ги заклучоците од ревизијата на сметките на Рено, судиите инсистираат на фактот дека поранешната министерка „започна да интервенира за групата Рено во 2009 година кога таа не беше адвокат и не беше овластена да ја исполни мисијата на совет “.
-Рашида Дати, заклучуваат судиите, можеше да ги сокрие услугите за кои не беше овластена, под закрила на активноста на адвокат, работа што порано не ја вршеше, земајќи го предвид нејзиниот мандат, за групацијата Рено или Алијансата Рено-Нисан.
Меѓу неколкуте услуги извршени од Рашида Дати е организацијата, на 7 декември 2010 година, на средба за вработување на млади во Европа, на кое беа поканети најголемите француски работодавци и европратеници.
-Интервенцијата на Рашида Дати се чини дека е дел од комуникациската операција, дури и кризна комуникација, без директна врска со правната професија, ниту со мисијата за помош при утврдување на спроведувањето на меѓународната експанзија на групата, особено во земјите од Блискиот исток и Магреб, посочија судиите, кои, исто така, забележуваат, врз основа на документите запленети во истрагата, дека овој настан е повод и г-динот Госн да се состане со влијателни луѓе “.
Истрагата се уште е во тек.