Честит ден на независноста, Македонијо, порача во честитката поранешната хрватска европратеничка, Маријана Петир.
– Честит ден на независноста, Македонијо!- напиша Петир на својот профил на Фејсбук, во кратката честитка по повод 8 Септември.
Таа е еден од искрените пријатели на Македонија, која неуморна се бореше на страната на Република Македонија за време на нејзиниот мандат во Европарламентот во времето кога се вршеа притисоци за смена на уставното име на Република Македонија.
Петир, која сега е пратеничка во Саборот на Хрватска, никогаш не ја употреби придавката „северна“ во нејзините говори за Македонија.