Рашида Дати, поранешната француска министерка за правда во мандатопт на претседателот Никола Саркози, на 22 јули била обвинета за пасивна корупција и прикривање злоупотреба на власта во истрагата за нејзините консултантски услуги за поранешниот извршен директор на групациојата „Рено-Нисан“, Карлос Госн, јави дописникот на МИА.
Канцеларијата на националното финансиско обвинителство ја потврди информацијата објавена од „Канар аншене“. Актуелната градоначалничка од редовите на Републиканците во 7-миот арондисман во Париз првично, во ноември минатата година, им избега на кривичните гонења.
Девет месеци подоцна, Дати беше повикана на распит, по што е обвинета за „пасивна корупција на лице со јавен изборен мандат во рамките на меѓународна организација“ и „ прикривање на злоупотреба на власта “.
Три истражни судии се одговорни од летото 2019 година за оваа истрага за договорите склучени од холандската подружница на алијансата „Рено-Нисан“, РНБВ, со Дати и криминологот Ален Бауер, кога Карлос Госн се уште беше извршен директор на групацијата. Според извор запознат со предметот, Дати, која негира било каква нерегуларност, добила 900.000 евра хонорари како адвокат во периодот од 2010 до 2012 година, кога во тоа време беше и член на Европскиот парламент.
Прелиминарната истрага обвинителството претходно ја отвори по жалба, поднесена на 17 април 2019 година, од акционер на „Рено“. Оваа жалба беше насочена кон Дати, Ален Бауер, но и Карлос Госн и неговата сопруга. Правдата бара особено да знае дали приходите на Дати одговараат на специфични активности или дали станува збор за деловна работа што може да има маскирани активности за лобирање, забранети за европратениците.