Судот во Боливија ја прогласи поранешната претседателка Жанин Ањес за виновна за организирање државен удар со кој дојде на власт за време на политичката криза во 2019 година, и ја осуди на десет години затвор.
Судот ја прогласи Ањес (54), која ја водеше Боливија од 2019 до 2020 година по Ево Моралес, виновна за носење неуставни одлуки и занемарување на нејзините должности.
Обвинителството соопшти дека Ањес, поранешна десничарска сенаторка, ги прекршила нормите кои го гарантираат уставниот и демократскиот поредок по претседателските избори во Боливија во 2019 година.
Ањес постојано тврдеше дека е жртва на политичка одмазда.