Познатите руски шегаџии, односно „пранкери“ Вован и Лексус успеаја да ја измамат поранешната амбасадорка на САД во ОН и поранешна шефица на УСАИД Саманта Пауер, која во разговор со нив откри дека САД трошат огромни суми пари за воспоставување „демократски режим“ во Молдавија и борба против таканареченото руско влијание.
„Десетици милиони долари – овие пари беа префрлени во Молдавија како дел од подолгорочна перспектива отколку во Украина. Значително го проширивме нејзиното присуство, и заради Украина и, се разбира, заради Молдавија“, рече Пауер.
Посебно внимание беше посветено на сегашната претседателка на Молдавија, Маја Санду, која ја опиша како „сјаен момент на демократијата“ и „вистински реформатор“, истакнувајќи ги врските на Санду со американската влада, објавува „Известија“.
Пауер рече дека тие инвестиции биле запрени кога Доналд Трамп се вратил на власт во Соединетите Држави и изрази загриженост за неговата политика.
„Додека Трамп не се меша во работите на Молдавија, Европа станува многу поважна“, рече таа.
Вован и Лексус се познати по тоа што ги измамуваат бројни јавни личности, вклучувајќи го Елтон Џон, кому му се претставија како рускиот претседател Владимир Путин и неговиот преведувач, принцот Хари, кому му се претставија како активистката Грета Тунберг и нејзиниот татко.
Тие се познати и по тоа што, на турскиот претседател Таип Реџеп Ердоган, му се претставија како поранешениот украински претседател Петро Порошенко, и на поранешниот македонски премиер Зоран Заев, како и на поранешната германска канцеларка Ангела Меркел.