Даша Жукова, најпозната во јавноста по тоа што беше во брак со тајкунот Роман Абрамович, добила дете со својот сопруг Ставрос Ниархос, пишува Page Six.
Мајката на Ставрос се пофали со среќната вест на својот Инстаграм профил. „Нашата мисирка за Денот на благодарноста пристигна малку порано“, напиша таа.
Синот Александар е роден на 25 ноември и е нивното трето заедничко дете. Даша претходно има две деца, синот Арон Александар (15) и ќерката Леа Лу (12), кои ги има во бракот со Роман Абрамович.
View this post on Instagram
Потсетуваме дека во текот на летото Жукова беше снимена со сопругот во Грција каде го покажа трудничкиот стомак. Со нив се дружеше модната дизајнерка Стела Макартни.
Таа се омажи за богатиот грчки наследник Ставрос Ниархос на 17 јануари 2020 година на свадба вредна 6,5 милиони долари, која се одржа во хотелот Клум Сент Мориц во Швајцарија. Присуствуваа 300 гости, меѓу кои познати музичари, спортисти, актери… Нивното прво заедничко дете Филип Ставрос Ниархос се роди во 2021 година. Минатата година ја добија ќерката Викторија.
Таа во август 2017 година се разведе од поранешниот сопруг со кого беше во брак 10 години, а само неколку месеци подоцна започна врска со сегашниот сопруг со кој долго време беше во пријателска врска.