Поранешниот личен адвокат на Доналд Трамп има намера да сведочи денеска дека претседателот на САД знаел за „истекување“ имејли со кое би и се наштетило на неговата соперничка од Демократската партија Хилари Клинтон на претседателските избори во 2016 година.

Според текст со изјава на Мајкл Коен пред комисија во Претставничкиот дом, тој ќе каже и дека Трамп раководел со преговори за недвижен имот во Москва за време на предизборната кампања и покрај тврдењата на претседателот дека нема бизнис интереси во Русија.

Во текстот, Коен го нарекува Трамп „расист, измамник и лажго“ и нагласува дека ќе достави документи како докази за своите тврдења.

Коен тврди дека Трамп му дал 130.000 долари за да и плати на порноактерката Сторми Даниелс за да прикрие негова љубовна врска со неа, и да ја излаже Меланија Трамп за тоа прашање.