Поранешниот личен адвокат на претседателот на САД, Доналд Трамп поднесе до комисија за разузнавање на Претставничкиот дом на американскиот Конгрес нови документи и можно е да достави уште.
Тоа го соопшти претседателот на комисијата, Адам Шиф по ислушување што траеше речиси цел работен ден зад затворени врати.
Шиф кој е претставник на демократите рече дека Мајкл Коен соработувал и дека осумчасовното ислушување било „многу продуктивно“. Тој не откри за што се однесуваат новите документи.
– Коен ни даде нови документи и можно е да има уште документи што треба да ги достави. Продолжува со неговата соработка со комисијата, додаде Шиф.
Коен на отвореното обраќање пред една недела на друга комисија го нарече Трамп – „расист“, „измамник“ и „лажго“.