Мазлум Хасан, поранешниот градоначалник на Општина Центар Жупа, почина како последица од компликации од Ковид-19. Хасан почина на 52-годишна возраст.
Веста за смртта на Хасан ја потврди и градоначалникот на Дебар, Хекуран Дука.
-Денес ја примивме тажната вест за смртта на поранешниот градоначалник на центар Жупа, Мазлум Хасан. Изразуваме најдлабоко сочувство до семејството на починатиот и Бог да им даде сабур. Го молиме Господ на Мазлум да го награди со Џенет ин ша Алах, напиша на својот Фејсбук, Дука.