Поранешниот сопруг на Моника Белучи, актерот Винсент Касел, доби бебе со 30-годишни помладата манекенка Тина Кункики.

Радосната вест ја објави на Instagram, пишувајќи „Амазоние е родена“. Винсет (52) така го откри невообичаеното име кое и го дале на ќерката, а кое, според фотографијата што ја сподели, е посветено на Бразил, каде што двојката живее дел од годината. Името ги воодушени неговите следбеници.

 

View this post on Instagram

 

Amazonie est née ❤️

A post shared by Vincent Cassel (@vincentcassel) on


Неговата објава беше лајкната од над 70.000 луѓе, На 52-годишниот Винсент ова ме е трето дете, а на 22-годишната Тина прво.

Тина и Винсент се земаа во август минатата година, по двегодишна врска, а за бременоста објавија во јануари оваа година.

Винсент од бракот со Моника Белучи има две ќерки – 13-годишната Дева и осумгодишната Леони. Тие се разведоа во 2013 година.

 

View this post on Instagram

 

Bonne année Feliz ano novo Happy new year #tellementdechance #danslavieriennestdû #lifeismagicneverforget #goooooooaaaaaaal

A post shared by Vincent Cassel (@vincentcassel) on