Кошаркарите на Пелистер претрпеа пораз на гостувањето на Кипар во дуелот од 3.коло од ФИБА Европа купот. Домашната екипа Креванос оствари победа од 99:86 (39:22; 19:26; 21:19 и).

Победникот беше решен во првата четвртина во која екипата од Кипар постигна 39 поени и дојде до водство од 17 поени. На полувреме битолчани намалија дел од негативата и полувреме резултатот беше 58:48. Во финишот на третиот период Пелистер стигна и до негатива од-7 (74:67), но избраниците на тренерот Боро Даскаловски немаа сили за пресврт.

Најефикасен кај екипата на Пелистер беше Брејси Дејвис со 32 поена.

Следната среда во Битола гостува екипата на Цедевита Јуниор, од која Пелистер загуби во првото коло на гостински терен.