Српската тениска репрезентација вчера загуби од Русија и последен пат се појави во тој состав, па затоа поразот многу тешко им падна на некои од тенисерите кои не можеа да ги запрат солзите.
Виктор Троицки кој со Новак Ѓоковиќ загубија меч во дубл на кој пропуштија три меч-топки, не го криеше разочарувањето и тагата, па веднаш почна да плаче, а Ѓоковиќ се обидуваше да го утеши.
Уште поемотивни сцени имаше на прес-конференцијата. Јанко Типсаревиќ потврди дека ја заврши кариерата и често гледаше во земја, а солзите не може да ги запрат ниту селекторот Ненад Зимоњиќ и Филип Крајиновиќ. Најдобриот тенисер, популарниот Ноле, се обидуваше да ги контролира емоциите.