Порно актерката Сторми Даниелс ја напиша книгата “Full Disclosure” и во неа ги изнесе најинтимните детали од својата сексуална афера со Доналд Трамп, денес претседател на САД, меѓу кои и детален опис на неговите интимни органи.

Сторми Даниелс за Трамп пишува многу негативно, а од деловите кои ги објави “Guardian” се стекнува впечаток дека не ни сакала да биде со него и немала никаква корист од врската со моќниот милијардер.

Во тоа време сопругата на Трамп, Меланија, се породила, а Сторми му влегла на Трамп во око на еден турнир во голф на островот Тахо во Калифорнија.

“Носеше црвен качкет со натпис “MAGA” или “Make Amerca Great Again” – неговиот изборен слоган, а никој не ни помислуваш што ќе се случи”, ги опишува првите впечатоци Сторми. И пришол бодигардот на Трамп и ја повикал на вечера, која завршила во кревет.

“Тој знае дека има необичен пенис. Врвот е како огромна печурка”, пишува таа и додава дека машкоста на Трамп е “помала од просечна”, но “не смешно мала”.

“Лежев таму лута што имав секс со тип со срамни влакна како Јети и пенис како печурка од Супер Марио…Тоа беше најмалку импресивниот секс во мојот живот, но јасно, тој не го делеше истото мислење”, пишува порно актерката.

На двајцата патиштата повторно им се се вкрстиле во 2007 година, па завршиле во соба во луксузен хотел. Гледале “Недела на ајкулите” на кабелска, кога му заѕвонил телефонот.

“За да биде уште полудо, му се јави Хилари Клинтон”, пишува Сторми. “Разговараа за тогашните избори, цело време споменуваше “нашиот план”…Но, иако разговараше со Хилари, цело време внимателно ја следеше емисијата”, додала таа.

“Не мислевте веројатно дека нешто ќе премолчам”, го прашала таа водителот на ABC. “Има да напишам се, па нека мислат за мене што сакаат, но барем е се вистина”, поентирала Сторми.

Книгата ќе биде објавена на 2. октомври оваа година.