Украинскиот претседател Петро Порошенко побара од меѓународната заедница да им забрани на руските бродови да влегуваат во пристаништа на територијата на САД и земјите од ЕУ.
Тој во интервју за телевизијата „Фокс њуз“ истакна дека Русија го блокира пловењето во Керченскиот Теснец, што има големи економски последици за Украина.
– Токму од таа причина е потребно да им се забрани на руските бродови да влегуваат во американските и европските пристаништа, додава Порошенко.
Тој нагласи дека Киев е подготвен да соработува по тоа прашање со сите партнери кои се заинтересирани.
Три украински воени бродови на 25 ноември нелегално ја преминале руската државна граница пловејќи од Црно Море во Керчанскиот теснец кон Азовско Море. Бродовите се запленети и уапсени се сите членови на екипажот, меѓу кои и припадници на безбедносните служби на Украина.