Американскиот претседател Доналд Трамп денеска телефонски разговарал со новоизбраниот шеф на украинската држава Володомир Зеленски, при што и му ја честитал победата на вчерашните избори, соопшти Белата куќа.
Како што јави дописникот на МИА од Вашингтон, Трамп му посакал на Зеленски многу успех, нарекувајќи ги изборите „важен момент во историјата на Украина“ и посочувајќи дека изборниот процес се одвивал во мирна и демократска атмосфера.
– САД ја искажуваат својата цврста поддршка за територијалниот интегритет и суверенитет на Украина во нејзините меѓународно признатите граници, истакнал американскиот претседател.
Трамп ја изрази и својата посветеност да работи со новоизбраниот претседател Зеленски и со украинскиот народ за имплементација на реформите и зацврстување на демократијата, за поголем просперитет и за искоренување на корупцијата, се вели во соопштението од Белата куќа.