Украинскиот претседател Петро Порошенко потпиша закон со кој се предвидува Украина да стане членка на НАТО и на Европска Унија.
– Мојата стратешка мисија е да обезбедам неповратност на европската и евроатлантската интеграција, напиша Порошенко на Твитер.
Тој додаде дека Украина ќе поднесе молба за членство во ЕУ и за Акцискиот план за членство во НАТО (МАП) не подовна од 2023 година.
Украинскиот Парламент на 7 февруари усвои амандман за украинските намери за членство во НАТО и во ЕУ.
По доаѓањето на прозападната власт во 2014 година Киев ја напушти својата мултилатерална политика и се насочи кон европските интеграции, а во Парламентот беше изгласан закон со кој и се овозможува на земјата членство во воените блокови. Оттогаш Украина ја зајакна соработката со ЕУ и ги зголеми интеракциите со НАТО.