ПОРОШЕНКО: Во контраофанзивата досега сме испратиле само 30% од нашите трупи

/ 21.06.2023

Поранешниот украински претседател Петро Порошенко изјави дека моментално се активни „само 30 отсто од трупите“ резервирани за контраофанзивата.

Тој додаде дека се загрижени поради недостатокот на воздушна доминација на Украина и супериорните руски борбени авиони и противвоздушна одбрана.

„Сепак, и покрај сето ова, покажавме напредок за време на оваа контраофанзива. Го изненадивме светот, направивме чудо и ја запревме втората по големина нуклеарна сила во светот. Русија е многу силна, но не се сомневам во нашата победа “, рече Порошенко, а пренесе Скај њуз.


Од истата категорија