САД му ставија до знаење на Киев дека не охрабруваат напади надвор од границите на Украина, изјави синоќа Метју Милер, портпарол на Стејт департментот, коментирајќи ја ситуацијата во Белогородски регион на Русија.
-Но сметам дека е важно да го потсетиме светот дека Русија ја започна оваа војна. Украина има право да одлучува како сака да ги извршува своите воени операции. Но Русија е агресорот во оваа војна, истакна Милер.