Светската здравствена организација (СЗО) денеска соопшти дека милион смртни случаи од Ковид-19 е многу тажен биланс, откако многумина претрпеа тешка смрт во услови на осаменост, а нивните семејства не можеа да се збогуваат со нив.
– Толку многу луѓе изгубија толку луѓе и немаа шанса да се збогуваат, изјави портпаролката на СЗО, Маргарет Харис.
Според неа, многу луѓе починале сами.
-Тоа е ужасно тешка смрт во услови на осаменост, рече Харис на прес-конференција во Женева.
Таа посочи дека единствената позитивна работа кај овој вирус е тоа што може да се потисне.