Портпаролот на руското Министерство за надворешни работи Иван Нечаев изјави дека Русија ќе употреби нуклеарно оружје само како последно средство.
„Руската воена доктрина дозволува употреба на нуклеарно оружје само како одговор на заканата од масовно уништување или кога е загрозено самото постоење на државата“, посочи Начаев.
Тој додаде дека „употребата на нуклеарниот арсенал е можна само како во самоодбрана и само во кризни ситуации”.