Портпаролот на турскиот претседател, Ибрахим Калин изјави дека Самитот на НАТО во Мадрид кон крајот на јуни не е краен рок за носење одлука за кандидатурите на Шведска и Финска за членство во Алијансата.
Тој, за турската државна новинска агенција Анадолија, повтори дека напредокот во кандидатурата за членство зависи од тоа како Шведска и Финска ќе одговорат на турските барања.
– Не чувствуваме дека сме под никаков временски притисок од типот да го направиме тоа до самитот на НАТО. Тука е важно Шведска и Финска отворено, јасно и конкретно да кажат какви чекори ќе преземат во борбата против тероризмот, посочи Калин.
Шведска и Финска минатиот месец поднесоа барање за членство во НАТО, но нивните кандидатури наидоа на отпор од Турција, обвинувајќи ги дека ги поддржуваат курдските екстремисти.
Членството во НАТО треба да биде одобрено од сите 30 земји-членки.