Португалската ракометна репрезентација го освои петтото место на Европско првенство, откако попладнево во Хернинг го совлада домаќинот Шведска со 36-35 (16-16).
Португалците во најголем дел од првиот дел беа во предност која достигна највисоки три голови (7-4), но Шведска до крајот на полувремето го израмни резултатот (16-16).
Двете репрезентации се менуваа во водство во продолжението, а Шведска во завршните пет минути влезе со предност од 33-31, а на минута до крајот предноста изнесуваше 35-34.
Натпреварот за петтото место на Европското првенство влезе во неизвесен финиш во кој Португалците беа поуспешни и дојдоа до победата со гол во последниот напад.
Мартин Кошта беше најефикасен во португалските редови со осум голови, колку што на спротивната страна постигна и Лукас Сандел.




