Во Кан вечерва почнува 74-то издание на Меѓународниот филмски фестивал, на којшто за Златната палма ќе се натпреваруваат 24 филма.
Фестивалот ќе биде отворен со домашниот филм на режисерот Лео Каракс – „Анет“ (Франција). На списокот филмови во трката за Златна палма, меѓу другите, се и дела на Италијанецот Нани Морети, Американецот Шон Пен, Русинот Кирил Серебреников и Французинот Жак Одијар.
Во конкуренција се и „Француска диспечерка“ на американскиот режисер Вес Андерсон и „Бенедета“ на Холанѓанецот Пол Верховен.
Американскиот режисер Спајк Ли ќе биде претседател на жирито, додека американската глумица и режисерка Џоди Фостер, пак, ќе ја добие почесната Златна палма.
Повеќе од 60 филмови ќе бидат прикажани за време на фестивалот, кој ќе трае до 17 јули. Канскиот фестивал, кој обично се одржува секој мај, беше преместен во јули годинава поради пандемијата на коронавирусот. Нема повеќе полициски час или ограничувања за бројот луѓе во киносалите во Кан, но носењето маска останува задолжително во затворен простор. kan