Во театарот „Звездара” е завршена комеморацијата по повод смртта на една од најдобрите актерки на нашите простори, Милена Дравиќ.
На самиот крај на комеморацијата беше пуштена песната на Арсен Дедиќ „Милена”, а во публиката на сите им беше тешко да ги задржат силните емоции и солзите. Колегите станаа и и упатија последен аплауз на Милена Дравиќ.
„Актерка со таква харизма, неповторлива и единствена. Секако, веќе нема да има таква актерка како Милена Дравиќ на нашите простори“, рече Бјелогрлиќ.Милена Дравиќ денес ќе биде погребана во Алејата на заслужните граѓани на Новите гробишта во Белград.