Илјадници Британци, синоќа, излегоа да се опијанат пред да стапи во сила мерката наложена од нивната Влада и премиерот Борис Џонсон за затвораење на сите барови, ресторани и пабави. На тој начин, според нивната логика, си поиграа со Џонсон, очигледно не разбирајќи дека се доведуваат во смртна опасност.
Бирмингем
По објавување на мерката, илјадници излегоа надвор, а во супермаркетите беа испразнети рафтовите со алкохолни пијалоци. Пред неколку дена, во одделни градови во Британија, во супермаркетите снемало и брашно, јајца и тоалетна хартија, но, според медиумите, вчера пикот бил насочен кон пијалоците, а не кон другите продукти.
На некои места, забавата и пијанчењето продолжиле до утринските часови, иако мерката веќе стапила во сила.
Се разбира, не беше пропуштена ни можноста сето тоа да биде споделено на социјалните мрежи.
Инаку Британија има 4 094 заразени или 60 на еден милион жители и 177 мртви од корона вирусот.
Њукасл