Алберт Ајнштајн бил многу смирено и повлечено дете. Тој не изустил ниту еден збор до 5-годишна возраст, што многу ги загрижило неговите родители. Потоа, одеднаш еден ден на вечера, тој рекол „супата е премногу жешка“.
Кога неговите родители го прашале зошто до тогаш не кажал ниту еден збор, тој рекол дека сè било во ред до тој момент. На петгодишна возраст, неговиот татко му подарил компас што го заинтригирал и го доближи до науката.
На 17-годишна возраст, се запишал во политехничко училиште каде што положил математика и наука, но паднал по другите предмети. Тој посветил 10 години од својот живот на теоријата на релативноста, која ја објавил во 1915 година. Сепак, тој никогаш не ја добил Нобеловата награда за неговото откритие, бидејќи остана премногу контроверзно.
Тој ја сакал музиката и еднаш рекол дека би сакал да биде музичар ако не бил научник. Работел до последниот ден и ја оставил недовршена генерализираната теорија за гравитација.
Имал 76 години кога починал. Причината за смртта била руптура на аневризма која веќе била оперирана во 1948 година. Тој одбил да оди на друга операција и изјавил дека сакал да замине тогаш кога сака и дека животот не треба да се продолжи вештачки.
„Јас ја завршив својата улога. Време е да заминам. Јас тоа ќе го сторам елегантно“, изјави тој.
Неговите последни зборови пред смртта ќе останат засекогаш непознати, бидејќи тој ги кажал на својот мајчин германски јазик. Единствен сведок била една медицинска сестра, но таа не го разбирала германскиот. Иако не знаеме кои биле последните зборови што тој ги кажал, ние знаеме кои биле последните напишани.
Покрај неговиот кревет бил пронајден недовршен говор што сакал да го одржи во Израел. Говорот повика на мир во светот.
Алберт Ајнштајн починал на 18 април 1955 година. Неговите последни изговорени зборови можеби остануваат мистерија, но тој им испратил јасна порака на сите светски лидери во писмена форма. Штета што неговата смрт го прекинала среде пишувањето говор затоа што сигурно имал многу да напише.