Постигнат е договор меѓу првиот човек на ДУИ Али Ахмети и Алијанса за Албанците крилото на Зијадин Села, објави ТВ 21.
Договорот се однесува на листите за пратеници и т.н сигурни места кои ќе ги добие Алијанса со влез во Европскиот фронт.
Како што се дознава ТВ 21, на Алијанса ѝ се „обезбедени“ 5 пратенички мандати во четири изборни единици. Според наши извори, се очекува договорот да биде потпишан во сабота.
Извори за ТВ21 велат дека во ИЕ 1 за Алијанса е обезбедено четвртото место на листата каде се очекува да биде Наим Бајрами.
Носител на оваа листа се очекува да биде Блерим Беџети од ДУИ, кој по изборите можеби нема да стане пратеник, но може да остане градоначалник на Сарај, ослободувајќи пратеничка фотелја.
Во втората ИЕ, „сигурно“ место е оставено за Елми Азири, кој ќе биде четврти на избирачкиот список од оваа единица.
Во ИЕ 5 се очекува место да има и за лидер на Алијанса, Зиjадин Села. Што се однесува до ИЕ 6, познато е дека Алијанса доби две сигурни места за пратеници, третото и седмото на листата, кои најверојатно ќе бидат Илире Даути и Илир Демири и дополнителни уште две места.