Големиот јубилеј од неверојатни 20 години постоење на македонската музичка сцена се наближува за детскиот фестивал „Поточиња“ и самите подготоки за истиот веќе влегуваат во напредна и финална фаза. Дечињата-носителите на детската песна веќе наголемо се подготвуваат за фстивалскиот настап играјќи ги и пеејќи ги новите детски хитови.
Новото јубилејно 20-то издание ќе се одржи во Македонската Филхармонија на 13 и 14 мај, овие два дена ќе бидат вистински празник за македонската детска песна исполнети со по три претстави во денот од 11, 13 и 19 часот.
Билетите се’ уште се во продажба и можат да се набават ТУКА – https://mktickets.mk/en/concerts-en/potocinja13/
Фотографиите се направени на последните проби на Поточињата пред самиот Фестивал.