Потомка на најпознатата политичка династија во Индија формално влезе во политиката и доби влијателна функција во наголемата опозициска партија Индиски национален конгрес кои се подготвуваат за престојните парламентарни избори напролет.
Пријанка Ганди Вадра (47) е ќерка на поранешниот премиер Раџив Ганди и на Соња Ганди, поранешна лидерка на партијата како и внук на поранешната премиерка Индира Ганди.
Нејзиниот постар брат Рахул Ганди пред една година ја смени мајка си од шеф на партијата.
Во претходните години Пријанка и помагаше на мајка си и братот за време на предизборни митинзи и во нивните избирачки реони во државата Утар Прадеш, но досега не била на партиска функција.
Таа е назначена денеска за генерален секретар на Националниот комитет на партијата и ќе биде одговорна за источните региони на Утар Прадеш, најголема индиска држава со население од над 200 милиони луѓе.