Над 128 луѓе се водат како исчезнати по вчерашното потонување на траект во езерото Тоба во Индонезија.
Траектот пловел по многу лоши временски услови.
– Голем број од луѓето пријавија дека исчезнале нивните роднини, потребно е време да стигнеме до жртвите, изјави претставник на индонезиската Служба за спасување.
Претходно властите соопштија дека на фериботот имало најмалку 80 луѓе, при што едно лице загинало, а 18 се спасени.
Езерото Тоба е популарна туристичка дестинација во северниот дел на иноднезискиот остров Суматра.