Бадемите се здрави, бидејќи се богати со витамин Е цинк, магнезиум како и калциум. Тие се добри за репродуктивниот систем. Сепак, не треба да ги консумирате премногу, доволно е 4 или 5 на ден, поради амигдалинот кој е јак. Можете да ги консумирате така што ќе потопите 4 бадеми во чаша вода, ги оставете преку ноќ и наутро испијте го тоа.
Еве зошто треба да го направите ова:
-Тоа ќе ви го зајакне срцето заради неговото богатство со калиум и магнезиум
-Добро е за работата на мозокот и мозочните функции
– Ќе ви даде многу енергија
– Ќе ви помогне при проблеми со репродуктивниот систем
– Го регулира притисокот и холестеролот
– Го спречува ракот
– Добро е за коските
Бадемите се едни од најпопуларните видови на јаткасти плодови. Тие се одличен извор на минерали, витамини, протеини, влакна и разни други соединенија кои го подобруваат здравјето на целото тело. Спроведени се бројни студии за ефектот на бадемите врз здравјето, а научниците доаѓаат до нови позитивни наоди со секое ново истражување. Ви донесуваме некои од докажаните придобивки од бадемите.
Тие го намалуваат ризикот од срцеви заболувања
Бадемите се одличен извор на здрави масти кои го штитат здравјето на срцето и целиот кардиоваскуларен систем. Тие се одличен извор на антиоксидантни соединенија кои го намалуваат ризикот од срцев удар Бадемите се многу добар извор на витамин Е, флавоноид кој го олеснува хроничното воспаление. Тие се одличен извор на минерали како што се магнезиум, калциум, калиум, бакар, манган и аргинин. Сите овие соединенија имаат одличен ефект врз здравјето на кардиоваскуларниот систем.
Истражувањата покажаа дека бадемите го намалуваат нивото на лошиот (ЛДЛ) холестерол и го зголемуваат нивото на добриот (ХДЛ) холестерол. Со консумирање на бадеми на дневна основа, ќе спречите создавање на плаки во крвните садови, а се препорачуваат на секој кој има висок крвен притисок.
Ги подобруваат когнитивните функции
Бадемите се одлични за здравјето и функцијата на мозокот. Високото ниво на рибофлавин и Л – карнитин ги прави одлични за спречување на воспалителни процеси во мозокот. Досегашните истражувања покажаа дека бадемите можат да го намалат ризикот од деменција и Алцхајмерова болест.
Го подобруваат здравјето на кожата
Бадемите се одличен извор на витамин Е и антиоксиданти кои го намалуваат нивото на слободни радикали, ја одржуваат кожата здрава и младешка. Научниците откриле дека бадемите можат да го намалат ризикот од оштетување предизвикано од изложеност на УВ зраци и со тоа да го намалат ризикот од карцином на кожата.
Го намалуваат ризикот од дијабетес
Бадемите се многу добар извор на моно незаситени масни киселини кои го регулираат нивото на гликоза во крвта и го контролираат начинот на кој клетките на телото ја користат. Консумирањето на бадеми дневно може да го намали ризикот од настанување инсулинска резистенција и ненадејни промени на нивото на шеќерот во крвта.
Го стимулираат дигестивниот тракт
Обвивката на бадемот содржи пробиотици кои го подобруваат здравјето и го стимулираат дигестивниот тракт. Дигестивниот тракт е составен од голем број на добри бактерии кои се неопходни за негово правилно функционирање. Без овие бактерии, постои зголемен ризик од различни проблеми и тешкотии во дигестивниот тракт.
Го намалуваат ризикот од рак и воспаление
Бадемите се многу добар извор на антиоксиданти кои го намалуваат нивото на слободни радикали во организмот. Слободните радикали го зголемуваат ризикот од хронично воспаление и канцерогени клетки. Научниците откриле дека бадемите можат да го намалат ризикот од рак на дебелото црево, ракот и ракот на дојка.
Бадемите имаат алкален ефект
Алкалната храна ја регулира pH вредноста во организмот и го намалува ризикот од разни болести. Го зајакнува имунолошкиот систем и го стимулира дигестивниот систем. Досегашните истражувања покажаа дека со зголемување на внесот на алкална храна, можете да го намалите ризикот од развој и ширење на клетките на ракот, бидејќи тие не можат да преживеат под алкални услови.