За херојот што загина спасувајќи животи – апел за помош за семејството на полицаецот Тоше Тодоровски од Пробиштип.Тоше Тодоровски,полициски службеник од ОВР Пробиштип,е еден од трагично загинатите во страшниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани.Тој го загуби животот извршувајќи ја својата службена должност,обидувајќи се да помогне и да спаси човечки животи.Тоше беше самохран родител и зад себе остави две малолетни деца.Во овие тешки моменти,неговото семејство има потреба од поддршка.Гранскиот независен синдикат на полицијата упати јавен апел за солидарност и помош,како финансиска поддршка, но и како силна порака дека неговите колеги и целото општество стојат зад неговото семејство.Сите граѓани кои сакаат да помогнат можат да уплатат средства на трансакциската сметка на таткото на Тоше:
Винко Наков
210-501560263576 – НЛБ Банка
ПОТРЕБНА Е ПОМОШ ЗА ДЕЦАТА НА ПОЛИЦАЕЦОТ КОЈ ЗАГИНА ВО КОЧАНИ: Тој беше самохран родител со две малолетни деца
