Три случаи на варијантата Омикрон се потврдени на Кипар, а од Министерството за здравство соопштуваат дека сите се поврзани со претходно патување и не е потребна хоспитализација на заразените лица, јави дописничката на МИА од Атина.

Ова се први случаи на Омикрон на островот, со што Кипар веќе е на листата земји во кои е потврдена новата варијанта.